Полиција Египет/ Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Трагедија во Египет, се урнала станбена зграда, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинале откако се урнала станбена зграда во град близу до Каиро, пренесува АП.

Спасувачите трагаат по преживеани во урнатините на четирикатната зграда во градот Шубра Ел-Кајма во провинцијата Калубија.

Зградата се урна доцна синоќа, а телата на тројцата адвокати кои работеле во компанијата во зградата биле пронајдени.

Засега не е познато што го предизвикало уривањето на зградата, а прелиминарната истрага покажала дека се работи за постара зграда.

Пропаѓањето на зградите не е невообичаено во Египет, каде што лошата градба е вообичаена во сиромашните урбани населби и руралните области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот