Трагедија на ЕП: Се удави руска ракометарка!

rushandball.ru

Станува збор за Екатерина Королева (20) во неделата на 7 јули по пливачката несреќа непосредно пред крајот на Европското првенство 2019 во Старе Јаблонки, Полска.

Според прелиминарните податоци, таа се удавила во езерото во близина на ракометните игралишта, а полицијата спроведува истрага.

Королева беше член на рускиот женски тим кој заврши деветти на Европското првенство.

Во име на целата Европска ракометна федерација, Оле Јорстад, претседател на ЕХФ комисијата за ракомет на плажа, заедно со раководството на турнирот на ЕУРО, го искажуваат своето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на ракометарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот