Традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

фото: Фејсбук

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ традиционално и оваа година на 24.12.2019 година со почеток во 20.30 часот ќе го одржи својот новогодишен концерт под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри. На овој концерт ќе ни се приклучат и мандолинците од ОУ “Ј.Х.Песталоци” со нивната наставничка Татјана Таневска.

Со ова сакаме да дадеме поддршка за продолжување на мандолинската традиција во нашата земја, враќање на мандолината во основните училишта, да ги поттикнеме и мотивираме најмладите да го засакаат мандолинското музицирање и да инвестираме во нивната иднина.

Покрај тоа со нас ќе бидат и младите членови на гудачкиот камерен оркестар “АРКО”. Како солисти ќе настапат Лазар Сандев на мандолина и Јаков Ангелов на виолина.

Како и секоја година програмата ќе го има својт богат и интересен колорит и се надеваме дека ќе го привлечеме вашето внимание.

ПРОГРАМА: Ж.БИЗЕ, Х.ЦИМЕР, ЛОРЕНА МЕК КЕНИТ, С.ДИМИТРОВ, А.ВИВАЛДИ, Е. КУРТИС, Е. КАПУА, Д.ХЕКНЕР, К.МАНДОНИКО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот