Концертот „Виенска фантазија“ со најпознатите дела од класиката ќе се одржи во Филхармонија
Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток, 28 мај, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата на концертот се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од …

