Оркестарот на Македонската филхармонија

Со изведба на музика од балети Македонската филхармонија ќе гостува во Струга

Оркестарот на Македонската филхармонија на 14 мај, со почеток во 19 часот, ќе настапи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата.

Овојпат, пред струшката публика, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, Македонската филхармонија ќе се претстави со музика од балети, а ќе бидат изведени Суита бр.2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од македонскиот композитор Трајко Прокопиев, Полонеза, Валс, Танц на четирите лебеди и Шпански танец од балетот „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски, Па де де од балетот „Дон Кихот“ на Лудвиг Минкус и „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно.

Гостување на оркестарот на Македонската филхармонија се реализира во соработка со градоначалникот на Општина Струга, г-дин Менди Ќура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот