Традиционално за Водици, в четврток пивтијада на плоштадот во Автокоманда

На плоштадот во Автокоманда, в четврток во 13 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација „Пивтијада 2023”, која се организира по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Од Општина Гази Баба објаснуваат дека манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер.

Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со наубаво украсена пивтија. Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени. Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат на една од клиниките – информираат од Гази Баба.

На пивтијадата за расположението на присутните граѓани ќе се погрижат со своите настапи пејачите Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски и Миле Кузмановски, како и групата „Аманет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот