Традиционална крводарителска акција за Голема Богородица во Дом на АРМ

Фото: Црвен крст

Црвениот крст на Македонија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина по 21-ви пат организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје – велат од Црвениот крст.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ на 28 август од 09:00 до 17:00 часот.

Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција – додаваат од Црвен крст и ги поканија граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот