Тозија: Очекуваме рестартирање на целиот процес и нови големи светски успеси на македонската кинематографија (ВИДЕО)

Одобрувањето за пренамена на средства од Агенцијата за филм со цел доделување еднократна помош на независниот филмски работник е разбирање за неговиот статус и борба за одржување на овој специфичен кадар, соопштија од Агенцијата за филм за Уредбата со законска сила што ја донесе Владата за финансиска поддршка на филмските работници за време на вонредната состојба.

-Независните филмски работници и официјално добија рамноправна субвенција во рамките на изгласаната Уредба со која законски се утврдува финансиската поддршка на филмските работници за време на вонредна состојба, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

ДФРМ и Агенцијата за филм на РСМ уште на самиот почеток на вонредната КОВИД-19 криза апелираа до Владата преку матичното Министерство за култура за поддршка на филмските работници. Оваа иницијатива имаше за цел, пред сè, да укаже на специфичната природа на ангажманот на филмските работници кои егзистираат единствено од независни филмски проекти.

Прочитајте и...  Пожар на грчкиот остров Евија, на терен 82 пожарникари, авиони, хеликоптери

Во заедничката иницијатива јасно се дефинирани кои професии спаѓаат во оваа група работници: режисер, помошник режисер, костимограф, монтажер, организатор на снимање, продуцент, фарист и многу други единствени занимања кои би биле квалификувани за доделување на субвенцијата – исплата на две минимални нето-плати – од 14.500 денари, односно вкупно 29.000 за двата најкризни месеца: април и мај.

-Со овие мерки ќе ги заштитиме македонските уметници да не одат надвор, изјави Тозија.

Околу помошта која Агенцијата за филм ја обезбеди за помош на филмските работници Тозија смета дека нашиот модел на помош беше прв во Европа за потоа да биде преземен и од други европски земји.

-За жал и покрај успехот на „Медена земја“, имаше филмови кои не го видоа денот токму заради тоа што се поклопија со номинациите за оскар и наградите кои ги доби токму документарниот филм „Медена земја“, рече Тозија.

Прочитајте и...  Мицкоски: Заев е кошмар за Македонците, но е најпосакуван сон за соседите (ВИДЕО)

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија со нетрпение го очекува рестартирањето на целиот процес во филмската дејност и новите големи светски успеси на македонската кинематографија.

 

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Слободен печат