Тотенхем го предупредува Мурињо после тренингот во парк! (ФОТО)

twitter/Squawka Football

Во вторникот португалскиот менаџер на премиерлигашкиот клуб беше забележан како тренира со Тангуј Ндомбеле, а рамо до рамо трчаа Дејвинсон Санчез и Рајан Сесењон…

Тотенхем ги потсети своите играчи да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање поради коронавирусот, откако беше забележан менаџерот Жозе Мурињо со уште тројца играчи на Тотенхем во тренинг сесија одржана во јавен парк во северен Лондон.

Во вторникот португалскиот менаџер на премиерлигашкиот клуб тренираше Тангуј Ндомбеле, а рамо до рамо трчаа Дејвинсон Санчез и Рајан Сесењон, слики кои веднаш беше споделени на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што Премиер лигата е во прекин од средината на март поради пандемијата на коронавирус, врвните клубови им порачаа на своите играчи да тренираат дома и да следат индивидуални фитнес програми.

Во меѓувреме, тамошната Влада ги советува граѓаните да останат дома со цел да престанат со ширење на вирусот, иако на луѓето им е дозволено да одат и вежбаат надвор еднаш дневно со оние од истото домаќинство.

Во случајот со Мурињо и тројцата играчи на Тотенхем, портпаролот на Тотенхем рече:

– Сите наши играчи беа потсетени да го почитуваат социјалното растојание при вежбање на отворено. Ќе продолжиме и натаму да ја зајакнуваме оваа порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот