Тошковски вели дека не сакал да собира медиумски поени, ама откри дека тајно се сретнал со семејствата на загинатите во Кочани
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Македонската радиотелевизија рече дека е „во постојана комуникација со родителите на жртвите“ од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но и дека „не сака тоа да го користи за медиумски поени“.
Препорачано
Тој откри дека бил во Кочани и веќе се сретнал со дел од членовите на семејствата на настраданите.
„Бев во Кочани и се сретнав со дел од родителите. Ќе направам сè што ми е должност како министер, но нема од тоа да правам медиумска кампања“, рече Тошковски, без да наведе зошто сега решил да открие дека средбите се случиле и да ја наруши нивната тајност, и тоа токму во медиумски настап.
Осврнувајќи се на истрагата, тој негираше дека процесот е целосно завршен. Според него, дел од постапката што ја води Основното јавно обвинителство – Кочани е формално завршена, но Обвинителството за организиран криминал сè уште работи на случајот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


