Тошковски тврди дека постојат нови докази за случајот „Мазут“ и јавноста ќе биде „шокирана“
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за „360 степени“ најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори.
Препорачано
Во случајот беа осомничени 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари.
Обвинителката Коларовиќ кажа дека доказите прибрани во истрагата не оделе во прилог на поднесување обвинение кое би опстојало на суд. Министерот за внатрешни работи, пак, во интервјуто, вели неговите сознанија се поинакви.
„Затоа што знам некои докази коишто вие не ги знаете. И не може да ги знаете. А јас ги знам заради тоа што морам да ги знам. И ќе бидете шокирани и Вие и целокупната македонска јавност кога ќе дојде време да бидете шокирани. Ама позитивно. И тврдам дека ќе дојде тој ден. Заради тоа што за вакви дејствија ако ние оставиме така да се затворат, тогаш јас не треба да го работам ова што го работам во моментов. Нити па било кој од тие коишто работат во рамки на Министерството за внатрешни работи и особено во Јавното обвинителство треба да се таму каде што се. Треба да си одат од таму. Треба да дојдат некои нови, ако за овој предмет со тие докази што јас ги имам видено лично, остане вака приказната каква што е“, изјави министерот Тошковски.
Директорот на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски за „Слободен печат“ објасни какви опции има Вишото обвинителство, откако државната ЕСМ поднесе приговор на одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и побара контрола од Јавното обвинителство. Па така, Обвинителството може да го задолжи обвинителот да ја продолжи постапката со прибирање нови докази, повторно сослушување или ново вештачење.
Вишото обвинителство може да го „воскресне“ затворениот случај со мазутот


