Фото: EPA/Alessandro Di Marco

Торино ја прекина низата од четири порази во Серија А

Фудбалерите на Торино денеска го победија Лече (1:0) на домашен терен, во натпреварот од 23 коло од италијанскиот шампионат.

Единствениот стрелец на натпреварот беше Шкотланѓанецот Че Адамс во 29 минута, по асистенцијата на Никола Влашиќ.

Торино конечно ја прекина серијата од четири порази и сега има 26 бода, за моментно 13 место на табелата.

Од друга страна, Лече нема победа во осум натпревари, и е прв над зоната за испаѓање со 18 бода.

Во следното коло од Серија А, Торино на 7 февруари ќе гостува кај Фиорентина, додека Лече следниот ден ќе го пречека Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот