Татко на годината: Топлес Орландо Блум ја реновира детската соба

орландо блум
Фото: Принтскрин / Instagram

Иако годината сè уште не е при својот крај, Орландо Блум може да биде прогласен за татко и сопруг на годината. И тоа еден од најзгодните.

За време на викендот Орландо Блум беше зафатен татко. Во скорешна објава на неговиот инстаграм-профил овој холивудски татко стави видео на кое вредно работи на реновирање и декорирање на детската соба на неговата ќерка Дејзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Соодветно на името на едногодишната ќерка која ја дели со Кејти Пери, собата на Дејзи Дав е обоена во камилица жолта нијанса, а можеме да го видиме Блум како лепи бели маргаритки цветови на ѕидовите.

Понатаму во видеото згодниот актер ја има соблечено својата маица, разоткривајќи ја својата одлична фигура. Во позадината на видеото се слуша гласот на Кејти Пери како вели: „Татко на годината“, што изнудува засрамена насмевка од актерот.

„Ѕвезди. Тие се исти како нас…“, ѝ одговара Блум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Но, тоа не е единствената причина зошто Орландо е толку симпатичен за јавноста, па освен кандидат за татко брзо ќе ја надгради и со сопруг на годината.

Следната негова објава го слави роденденот на Кејти Пери со фотографија на која пејачката замислува желба пред да ја дувне свеќичката, а Блум за прегрнува со заљубен поглед.

„Живееме живот, сакаме љубов, и тоа е забавно. Ќе те славам денес и секој ден. Те сакам.“, напиша Орландо на објавата надополнета со „емоџи“ срциња.

Двојката која отворено ја живее заедничката љубов го прослави 37-иот роденден на пејачката со чоколаден колач и најважното, маргарита коктели. Среќен роденден Кејти Пери!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот