ФОТО | Објавена листата на најиритантни славни личности во 2022: Дали ќе погодите која е на првото место?

Меган Маркл/Опра Винфри/Амбер Херд/ Фото; Профимедиа/Wikimedia Commons

Меган Маркл (41) победи на скалата на познати личности кои им здодеале на луѓето. Принцот Хари (38) го зазеде второто место, американската водителка Опра Винфри (68) го зазеде третото, актерката Амбер Херд (36) – четвртото и актерот и водител Џејмс Корден (44) – петтото.

Фото: EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Објавена е листата на најиритирачки познати личности во 2022 година, според гласовите на читателите на веб-страницата Ranker.

Џејмс Корден, Фото: YouTube – принтскрин

Читателите гласаа кој најмногу ги нервирал, односно кој според нив не го искористил најдобро своето влијание во јавноста.

Елен Деџенерис/Фото: Профимедиа

Листата изгледа вака:

1. Меган Маркл
2. Принцот Хари
3. Опра Винфри
4. Амбер Херд
5. Џејмс Корден
6. Елен Деџенерис
7. Хиларија Болдвин
8. Криси Тајген
9. Канје Вест
10. Ким Кардашијан

алек болдвин
Алек и Хиларија Болдвин/Фото: Профимедиа

Хари и Меган се прогласени за најздодевни славни личности во 2022 година, само неколку недели по објавувањето на нивниот филмски документарец вреден повеќе милиони долари на Neflix.

На листата се наоѓаат и ѕвезди чија репутација е доведена во прашање, како Канје Вест и Елен Деџенерис, но сепак најизразени се војводата и војвотката од Сасекс.

Канје Вест/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Резултатите, кои доаѓаат од целиот свет, покажуваат дека на јавноста ѝ е преку глава од кралската двојка, која откако се пресели во САД, успеа да остане во центарот на вниманието преку навидум бескрајната низа ТВ-емисии.

Instagram
Криси Тајген/Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот