Тони Цетински: Кој сака нека се вакцинира, јас и моето семејство нема! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Хрватскиот пејач Тони Цетински реши да им се обрати на фановите преку Фејсбук во живо, каде покрај за музиката, зборуваше за вакцинациите, бидејќи ова е, како кажа, е најактуелната тема која се врти во неговата глава.

Тони им кажа на обожавателите отворено дека не сака да се вакцинира и дека е силно против вакцинирање, но истакна дека не му пречи да се вакцинираат оние што го сакаа тоа, пренесоа хрватските медиуми.

  • Во мојата глава, најактуелна тема е вакцинацијата. Повеќе не се плашам од коронавирусот, туку се плашам да го видам моментот кога ќе започне репресијата и кога тие насилно ќе ги вакцинираат оние што не сакаат да бидат вакцинирани. Јас сум многу исплашен од тоа. Кој ќе ме натера да се вакцинирам ако не сакам?, почна Тони да ги споделува своите размислувања, кои реши да ги сподели со фановите.

Тој истакна дека тој и неговото семејство нема да бидат вакцинирани, а ги запраша фановите дали сметаат дека ова се случува во моментот за да се доведат луѓето под контрола и да се чипираат.

  • Кој сака да се вакцинира, не ми пречи. Јас не давам. Едноставно не дозволувам некој да ме вакцинира. Отворете го „Голи оток“ за нас кои не сакаме да се вакцинираме па со лисици приведете нè, затворете нè, заклучете нè, почекајте да заспиеме или успијте нè и насилно вакцинирајте нè. Нема шанси!, рече пејачот, додавајќи дека се надева дека Фејсбук нема да го затвори неговиот профил и дека во едно демократско општество треба да му биде дозволено да зборува на сите теми.

Цетински, исто така подоцна во живо рече дека повеќе би сакал да биде без заби отколку да стави имплант затоа што тоа е „туѓо тело“.

Како се промени животот на Тони Цетински и неговата сопруга откако таа доживеа мозочен удар… (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот