Toни Атанасов привремен тренер на Академија Пандев

Фото: Toni Atanasov/FB

На две кола пред крајот Александар Васоски си поднесе оставка од клупата на Академија Пандев по вчерашниот пораз на домашен терен од Тиквеш со 1:4.

Оставката на Васоски е неотповиклива и доаѓа во момент кога тимот го има обезбедено опстанокот ПМФЛ бидејќи е јасно дека од првенството испаѓа Победа, а бараж натпревар ќе игра Скопје. За Васоски ова беше втор мандат на клупата на струмичкиот клуб, но не беше успешен како првиот. Во Струмица се врати од Босна каде што го водеше Сараево.

Денес струмичкиот клуб се огласи и изрази благодарност за неговата работа, но и потврди дека тимот до крајот на првенството ќе го води Тони Атанасов.

„Благодарност до тренерот Александар Васоски и првиот асистент Раденко Бојовиќ за професионалниот ангажман и посветеноста кон тимот изминатиот период. Управниот одбор на клубот ја прифати понудената оставка и донесе одлука до крајот на сезоната сениорскиот тим да го предводи тренерот Тони Атанасов“, стои во објавата.

Нема да биде првпат Атанасов како привремен тренер да ги води „пандевци“ во ваква улога беше и кога кормилото во минатото го напушти Југослав Тренчовски. Противци на Академија Пандев до крајот на сезоната ќе бидат Брегалница (гости) и Силекс (дома).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот