Томпсон-Хера е кралица на спринтот, трет олимписки златен медал на Влодарчик

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Илејн Томпсон-Хера е новата кралица на спринтот откако славеше на двете најпрестижни атлетски трки на Олимписките игри во Токио.
По триумфот на 100 метри, спринтерката од Јамајка сега победи и на трката на 200 метри и тоа со второ најдобро време во историјата, 21.53 секунди.

Со триумфот и на втората најбрза делница, Томпсон-Хера ги одбрани титулите на 100 и на 200 метри од претходните Игри во Рио де Жанеиро 2016 година.
Второто место и сребрениот медал го освои Кристине Мбома од Намибија, додека Габриеле Томас од САД беше трета. Поранешната олимпска шампионка Шели-Ен Фрејзер-Прајс остана без медал завршувајќи во финалето на четвртото место.

Анита Влодарчук од Полска ја продолжува доминацијата во дисциплината фрлање кладиво. Таа стана прва атлетичарка која освоила три златни олимписки медали по ред, Влодарчик покрај Токио, славеше и на игрите во Рио де Жанеиро (2016) и во Лондон (2012).
Изненадување приреди и младата атлетичарка од САД, Атинг Му која е нова олимписка шампионка на 800 метри. Таа во финалето на 800 метри славеше пред Кели Хоџкинсон од Велика Британија и Раевин Роџерс од САД.

Во последното финале на атлетските натпреварувања, очекувано Арманд Дуплантис го освои златниот медал во скок во стап. Швеѓанецот триумфира со скок од 6.02 метри, второпласиран беше Кристофер Нилсен од САД, додека Бразилецот Тијаго Браз го освои бронзениот медал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот