Том Круз и Ана де Армас раскинаа по девет месеци врска, а позната е и причината за раскинувањето
Том Круз и Ана де Армас раскинаа по помалку од една година од нивната врска, но двојката не раскина сите нити – се чини дека нивната соработка ќе продолжи и на филмското платно.
Препорачано
Според наводите на извори блиски до поранешната двојка, Ана де Армас и Том Круз заеднички заклучиле дека „нивното време како двојка завршило“ и дека ќе останат во пријателски односи.
„Том и Ана убаво се забавуваа, но конечно сфатија дека е подобро да бидат пријатели“, открил извор за британскиот „Сан“.
И покрај раскинувањето, Круз (63) и Ана (37) ќе продолжат да работат заедно. Веќе е потврдено дека славната Кубанка ќе глуми во новиот филмски проект на Круз, натприродниот трилер „Deeper“, чие снимање е одложено, но останува според распоредот.
Романсата помеѓу холивудската ѕвезда и кубанско-шпанската убавица започна во февруари, а светските медиуми внимателно го следеа секое нивно појавување. Двојката беше видена на вечери, елитни настани и романтични патувања – од Мадрид, каде што Том ја однесе со приватен авион, до луксузна јахта покрај шпанскиот брег. Во мај, тие заедно присуствуваа на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам, а во текот на летото уживаа во концертот на „Оејзис“ на „Вембли“.
„Тој имаше навика да ја опсипува Ана со подароци откако се запознаа – од накит и дизајнерска облека до спонтани патувања на егзотични дестинации“, откри извор за „Дејли мејл“.
Иако нивната врска беше дискретна, изгледаше хармонична и опуштена. Во мај, Де Армас изјави во емисијата „Добро утро Америка“ дека нејзината соработка со Круз била „забавна“ и наговести дека ги чекаат уште неколку заеднички проекти.
Наводно, дури и по раскинувањето, тие останале во добри односи.
„Искрата исчезна, но тие сè уште се почитуваат и се однесуваат многу зрело“, тврди изворот.
Во последно време, Ана се појавува сè почесто во друштво на други колеги од филмската сцена – беше видена со непознат маж во текот на Модната недела во Париз, а за време на посетата на Порторико беше видена како се забавува со раперот Бед Бани.
Ана де Армас беше во брак со шпанскиот актер Марк Клоте и се забавуваше со Бен Афлек во 2020 година. Пред врската со Круз, таа се забавуваше со Мануел Анида Куеста, посинокот на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.
Круз, од друга страна, има три брака зад себе – со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, со која има ќерка, Сури.
Дали е на повидок нова сериозна објава на Том Круз и Ана де Армас?
ФОТО: Девојката на Бен Афлек во прегратки на друг маж – „Не гледај Бен!“


