ФОТО | „Новата љубов“ на Том Круз, Ана де Армас со еден „потег“ ја понижи поранешната сопруга на актерот, Никол Кидман
Ана де Армас предизвика лавина негативни реакции откако ѝ се допаднала сурова објава на социјалните мрежи за изгледот на Никол Кидман. Кубанската актерка, која последните месеци е во центарот на вниманието поради романсата со Том Круз, лајкнала Инстаграм-пост во кој се исмејува наводното негирање на естетски процедури од страна на Кидман, ѕвездата од „Мулен Руж“, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Објавата, првично споделена на страницата „Celeb Mess“, беше повторно објавена на „Reddit“ каде што беше забележана интеракцијата на Ана. Коментарите беа бурни:
„Ајде да видиме како ќе изгледа кога ќе наполни 60“, „Ме фасцинира кога млади луѓе се сурови кон стареењето. Знаете ли што е алтернатива на стареење?“, „Никол Кидман има повеќе талент, убавина и грациозност отколку што Ана некогаш ќе имаш“.
View this post on Instagram
Според дел од јавноста, лајкот открива дека Кидман ѝ е „трн во око“ на де Армас, особено имајќи ја предвид нејзината наводна блискост со Том Круз. Овој месец, Ана и Круз беа фотографирани на јахта во Менорка, како се симнуваат од негов хеликоптер заедно со нејзините миленици.
Гласините за романса започнаа на Денот на вљубените, кога беа забележани на, наводно, професионална вечера во Лондон.
Од друга страна, Никол Кидман неодамна прослави 19 години брак со музичарот Кит Урбан. Таа објави нежна црно-бела фотографија од нив, снимена зад сцената на една од неговите настапи. Двојката ги има ќерките Сандеј Роуз (16) и Фејт Маргарет (14).


