Ана де Армас и Том Круз - Фото: EPA

Дали е на повидок нова сериозна објава на Том Круз и Ана де Армас?

Врската помеѓу Том Круз и Ана де Армас е силна во последните неколку месеци, а нивната блискост брзо го привлече вниманието на медиумите и фановите. Двојката сега е во фаза на барање совршен дом, каде што би можеле да започнат заеднички живот и да оформат семејство.

Откако Ана де Армас го продаде станот во центарот на Њујорк и со тоа покажа дека е подготвена за мирно пристаниште со Том Круз, странските медиуми открија дека двојката започнува заеднички живот!

Како што дознаваат странските медиуми, Том Круз и Ана де Армас наводно бараат нов дом во Обединетото Кралство.

Иако Том Круз веќе поседува куќа во Лондон, извор за списанието „Стар“ откри дека тој бара „нешто пограндиозно“, каде што тој и Ана де Армас би можеле потенцијално да се сместат и да оформат семејство: „Тие размислуваат долгорочно. И една од големите одлуки е каде ќе пуштат корени.“

Двојката размислува за трајна иднина во Велика Британија, а Круз е активно вклучен во изборот на имот.

Потрагата доаѓа среде гласини за нивното претстојно објавување на свршувачката, а извор е уверен дека тоа е следниот чекор во нивната врска: „Откако ќе одлучат каде ќе живеат, речиси сигурно ќе ја објават својата свршувачка.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот