Тоа го може само Богдановиќ, асистенција „без гледање“! (ВИДЕО)

фото: fiba.basketball

Богдан Богдановиќ блескаше на Светското првенство во Кина, а во ист стил продолжува и во дресот на Сакраменто.

На мечот во Мумбаи (Индија) на натпреварот против Индијана имаше една одлична асистенција во стилот на големите кошаркарски мајстори.

Без гледање му ја додаде топката на Холкс на кој не му остана ништо друго да ја круниса оваа феноменална асистенција со погодок.

На овој меч после едно одиграно продолжение со 132:131 славеше Индијана, во победничките редови доминираше Ворен со 30 поени, два помалку на спротивната страна запиша Хилд.

Кингси и Пејсерси се подготвуваат за настапот во новата натпреварувачка сезона во американската НБА лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот