Џени Мекарти и Џим Кери / Фото: Profimedia

„Тоа дефинитивно…“: Поранешната партнерка на Џим Кери со реакција за неговиот изглед на наградите Цезар

Актерката Џени Мекарти ги коментираше шпекулациите за изгледот на нејзиниот поранешен партнер, актерот Џим Кери, негирајќи ги теориите дека тој бил „заменет“ или дека некој го имитирал на неодамнешното доделување на француските награди Цезар.

Во изјава за списанието „Пипл“, дадена за време на доделувањето на музичките награди на „Ај харт рејдио“ на 26 март, Мекарти децидно изјави дека „дефинитивно тоа бил Џим Кери“, осврнувајќи се на гласините што се проширија на социјалните мрежи.

Таа нагласи дека повеќе од неговиот изглед, нејзе ѝ било впечатливо колку среќно изгледал актерот.

„Изгледаше многу среќен на таа церемонија. И јас бев среќна за него. Тоа беше првото нешто што го забележав“, изјави Мекарти.

Нејзиниот сопруг, Дони Волберг, исто така се надоврза, посочувајќи дека јавноста премногу се фокусира на физичкиот изглед, наместо на емоционалната состојба на актерот.

„Толку сме опседнати со тоа како изгледа, што не забележуваме колку изгледа среќен“, рече тој.

Џим Кери / Фото: Lionel Guericolas/MPP/Starface / imago stock&people / Profimedia

Шпекулациите се појавија по неговото појавување на доделувањето на наградите Цезар во Париз на 26 февруари, каде што Кери прими почесна награда за својот придонес во филмската и телевизиската индустрија. Тој настан го одбележа неговото враќање во јавноста, што предизвика големо внимание на интернет.

Организаторите на церемонијата потврдија дека актерот лично присуствувал на настанот, а неговиот говор бил одржан на француски јазик, на кој, според нив, се подготвувал со месеци.

Да потсетиме, Џени Мекарти и Џим Кери беа во врска пет години, од 2005 до 2010 година, по што се разделија во пријателски односи. Во тоа време, Мекарти изјави дека е благодарна за заедничките години и дека Кери секогаш ќе има посебно место во нејзиното срце.

Кери последен пат се појави на големото платно во улогата на негативецот доктор Роботник во филмската франшиза „Соник – суперхеројот еж“ (Sonic the Hedgehog), со продолженија објавени во 2020, 2022 и 2024 година.

ФОТО | „Тоа не е неговото лице“ – Бизарни теории дека Џим Кери бил заменет со двојник го преплавија интернетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот