Џим Кери / Фото: принтскрин

ФОТО | „Тоа не е неговото лице“ – Бизарни теории дека Џим Кери бил заменет со двојник го преплавија интернетот

Откако Џим Кери се појави на неодамнешното доделување на наградите „Сезар“, интернетот беше преплавен со бизарни теории на заговор дека наместо него на свеченоста присуствувал неговиот двојник. На крајот, актерот преку својот претставник се огласи и ги демантираше овие наводи.

Џим Кери – Фото: Инстаграмthealexisstone

Откако беа објавени фотографии и видеа од актерот додека ја прима наградата, интернетот се преполни со теории на заговор, од тврдења дека се подложил на пластична операција до апсурдни тврднија дека бил заменет со двојник.

Џим Кери – Фото: Инстаграмthealexisstone

Меѓу најшокантните на социјалните мрежи беше сугестијата дека Џим бил клониран, со аргумент дека бојата на очите му е посветла, а потписите ги дава со десната рака и покрај тоа што е левак.

Еден корисник на платформата Икс напиша:

– Долго време зборувам за клонирање на луѓе и ми е драго што конечно гледам дека ова добива на значење. Џим Кери бил клониран пред многу години.

На крајот, претставникот на Кери се огласи и потврди за бројни медиуми дека актерот навистина присуствувал на доделувањето. Исто така, тоа го потврди и еден од организаторите на доделувањето, Грегори Каулиер.

Тој за „Верајети“ изјави:

– Посетата на Кери беше планирана уште од летоска. Од самиот почеток, тој беше многу трогнат од поканата на Академијата. Со месеци работеше на својот говор на француски, прашувајќи ме за точниот изговор на одредени зборови. Дојде со својата партнерка, ќерка, внук и 12 блиски пријатели и членови на семејството. Го следеше неговиот долгогодишен публицист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот