Тито Петковски: Лични карти за рамноправност на етнички заедници, а не на граѓани!

Претседателот на НСДП Тито Петковски во низа свои јавни постови на социјалните мрежи за актуелни политички теми, се повеќе го свртува вниманието на јавноста, особено што во нив искажува и значителна доза на несогласување со одредни ставови со актуелната власт.

Предлогот на закон, со кој се предвидува можност во личната карта да стои и етничката припадност го потврди раширеното уверување дека  Македонија сеуште нема ниту интелектуална, ниту политичка елита способна да одговори на предизвиците на времето, на потребите на граѓаните и на долгорочните интереси на државата, коментира Петковски.

„Со јакнењето на “етничкиот”, наместо на граѓанскиот суверенитет, се доведува во прашање демократскиот карактер на државната власт.

Таквиот пристап создава услови за рамноправност на етнички заедници, а не на граѓани. Во такви услов граѓанскиот суверенитет неминовно ќе се остварува како структура на етничките колективитети“, вели претседателот на НСДП.

Отстапувајќи од Уствот, кој предвидува изградба на општество на рамноправни граѓани, нашето општество повеќе добива особини на еден конгломерат на етнички колективитети кои повеќе водат грижа за сопствените потреби и специфики, одколку за заедничките интереси на македонското општество.

Препознавајќи ја таа особина кај нашиот човек  големите политички партии брзо се приспособија на политичкиот пазар и на избирачите им го нудат ,она што тие го бараат. Етничкото доби предност, пред се’ затоа што е политичко, пишува Тито Петковски на неговиот фејсбук-профил.

Федерализација со лични карти

Пендаровски: Не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти

Мицкоски: Нема да го поддржиме законот за лични карти, ако на нив стои новото уставно име

Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти: Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат

Милошоски за предложеното законско решение за личните карти: Нека стои национална припадност, но не придавката Северна

ВИДЕО I Мизрахи: Во личните документи бараме да нема етничка припадност, туку во делот на државјанство да стои македонско

Реџепи: Ќе се остави избор за етничката припадност во личните карти

Мухиќ: Која е смислата етничката припадност да стои во личната карта?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот