ВИДЕО I Мизрахи: Во личните документи бараме да нема етничка припадност, туку во делот на државјанство да стои македонско

Фото: МИА

Со поднесените 1.200 амандмани од „Левица“ е блокиран Законот за лични документи. ВМРО-ДПМНЕ поднесе само еден амандман во кој се бара да нема етничка припадност, туку кај делот државјанство сакаме да стои македонско. Сега останува да видиме дали се искрени намерите на премиерот Зоран Заев дека ова законско решение навистина сака да мине низ процедурите на Собранието и доколку е така во овој момент единствено решение е да го повлече законот и да го пушти во нова процедура, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Утрински брифинг“.

Во однос на најавената иницијатива за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи вели дека јавноста е запозната дека на централната седница што се одржа на 21 јули во 2020 година беше донесен нов Статут на ВМРО ДПМНЕ во кој точно се определени новите делегати кои ќе бидат присутни на новиот конгрес што е закажан за ноември. Не верувам дека во било која држава може да се крши Статутот и правилата на игра. Јас не знам за кои делегати зборуваат тие, вели Мизрахи.

Целиот разговор со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи може да го погледнете во видеото:

Федерализација со лични карти

Пендаровски: Не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти

Мицкоски: Нема да го поддржиме законот за лични карти, ако на нив стои новото уставно име

Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти: Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат

Милошоски за предложеното законско решение за личните карти: Нека стои национална припадност, но не придавката Северна

Реџепи: Ќе се остави избор за етничката припадност во личните карти

Мухиќ: Која е смислата етничката припадност да стои во личната карта?

Тито Петковски: Лични карти за рамноправност на етнички заедници, а не на граѓани!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот