Реџепи: Ќе се остави избор за етничката припадност во личните карти

Изработка на лични карти во МВР

Низа контроверзи и различни толкувања предизвикаа предлог-измените на политичката партија БЕСА, со кои се овозможува етничката припадност да влезе во личните карти. Текстот поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство не дефинира дали на граѓаните ќе им се остави избор при издавањето на овој документ.

Личните карти како партиски книшки?

„Со членот 1 на овој Предлог на закон се предвидува допрецизирање на одредбата на членот 5 став 2, во која предвидуваме во податоците на образецот за лична карта да се додаде и „етничката припадност“ на сите етнички заедници предвидени со Уставот на Република Северна Македонија“, пишува во предложените измени.

Еден од подносителите на текстот, пратеникот Кастриот Реџепи вели дека сепак ќе им се остави избор на граѓаните.

-Во измените не се наведува дека граѓаните ќе треба задолжително да се произнесат. При пополнувањето на образецот се остава графа „етничка припадност“ и доколку таа остане празна, на граѓанинот во личната карта ова поле исто така ќе му остане непополнето, веројатно ќе стои „X“, појаснува Реџепи за „Слободен печат“.

Од друга страна, најголемите политички партии претставени во Собранието ја поддржаа иницијативата на БЕСА, која беше и дел од коалициониот договор со СДСМ. Премиерот и лидер на социјалдемократите, Зоран Заев е уверен дека измените ќе се имплементираат и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека лажно се залага „за“ идејата етничката припадност да биде дел од личните карти. Од опозициската партија истакнаа дека даваат поддршка определбата „Македонец“ да стои во документот за лична идентификација, но од друга страна, уште одамна категорично застанаа зад ставот дека нема да гласаат закони кои ќе овозможат употреба на новото уставно име. Токму една од предложените измени на БЕСА, предвидува имплементација на името „Република Северна Македонија“ во личната карта. Но, неизвесно е дали предлогот ќе го помине собранискиот филтер, со оглед на фактот што Левица поднесе 1.230 амандмани, а од партијата ни потврдија дека очекуваат успешно „кочење“ на процесот.

Федерализација со лични карти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот