Мухиќ: Која е смислата етничката припадност да стои во личната карта?

Фото: МИА

Различни толкувања предизвикаа предлог-измените на политичката партија БЕСА, со кои би се овозможил влез на етничката припадност во личните карти. Еден од подносителите, пратеникот Кастриот Реџепи потврди дека сепак ќе им се остави избор на граѓаните дали да ја пополнат графата за етничка припадност.

Дел од стручната јавност веќе повика при имплементацијата на измените, доколку бидат усвоени, граѓаните да имаат имаат прав самите да одлучат дали сакаат нивната припадност кон одредена етничка заедница да биде ја пишува во документ како што е личната карта.

Професорот и поранешен пратеник, Ферид Мухиќ, вели дека е прифатлива суштината на идејата, но е против нејзината реализација да се одвива преку личните карти.

– Тоа е податок кој има своја смисла, но дали има смисла да биде во лична карта? Таква евиденција треба да се води. Имаме народи кои се 500-600 години тука, други две илјади, а и смешно е да им се пререкува на Македонците кои веројатно имаат најголемо право на тоа некаде да се изјаснат. Етничката припадност е таква, но не е неопходно да е во лична карта, смета Мухиќ.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу оценува дека БЕСА вложила голем политички капитал во овој предлог, но посочи дека мора да се испитаат сите позитивни и негативни конотации.

-Ова општество е граѓанско, но и мултиетничко, па постојат и етнички права што им припаѓаат на етничките групи. Ако етничката припадност биде ставена како избор, тогаш тоа е легитимно. Ние не сме хомогено општество, како полското на пример, но мора да се направи проценка кој со ова добива, а кој губи, изјави Муслиу за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот