Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти: Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат

Зоран Заев, Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат, колаж

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „северна” да не стои во нив, рече дека дефинитивно треба да се поддржи етничката определба заради тоа што сме мултиетничка држава.

Мицкоски: Нема да го поддржиме законот за лични карти, ако на нив стои новото уставно име

– Тоа знаете како е, сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот. Значи дефинитивно треба да се поддржат вакви работи, заради тоа што сме мултиетничка држава. Знам дека има дебата, ја следам, дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никој пат ниту сме се криеле, ниту секој од својот идентитет се срамел, напротив сме се гордееле, а како мултиетничко општество сите заедно се гордееме со нашата етничка разноликост, со ова богатство на културолошки и етнички, верски разноликости по кои сме препознатливи и навистина сме пример и за соживот и може многу развиени земји да учат од нас, нагласи Заев.

Милошоски за предложеното законско решение за личните карти: Нека стои национална припадност, но не придавката Северна

Во однос на тоа придавката „северна” да не стои во личните карти, бидејќи рокот за нејзино применување според Преспанскиот договор сѐ уште не бил истечен Заев рече дека Уставот вели оти нашата земја е Република Северна Македонија.

-Уставот вели дека нашата земја е Република Северна Македонија. Апелирам да не се бараат изговори затоа што кога поднесувате законско решение, не е само Договорот од Преспа, туку постои и Уставот, рече премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот