Тинејџерите во Шкотска ќе добијат домашни тестови за Ковид-19 за да можат да одат на училиште

На тинејџерите во Шкотска ќе им бидат достапни домашни тестови за Ковид-19, за да можат да се тестираат двапати неделно и да одат на училиште.

Од нив ќе биде побарано да го извршат тестот сами или со помош на нивните родители или старатели пред да ги внесат податоците преку Интернет, објави Скај Њуз, повикувајќи се на британски Телеграф.

Програмата е на доброволна основа, но министерот за образование Џон Свини рече дека средношколците се „охрабруваат да учествуваат” во одржување на училиштата безбедни.

Планот беше претставен пред отворањето на училиштата на 22 февруари во Шкотска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот