Tинејџери го слушале албумот на „Џудас прист“, па пукале во себе: Песната им кажала да се убијат?

Foto: Telegraf

Два фана на бендот „Џудас прист“, Рејмонф Белкнап и Џејмс Венс си пукале во глава откако го ислушале албумот на овој бенд „Stained Class” на 23 декември 1985 година.

Самоубиството и обидот за самоубиство доведоа до еден од најпознатите судски спорови во историјата на музиката, кога родителите на овие момчиња го обвинија бендот дека нивните песни се виновни за трагедијата.

Рејмонд (18) и Џејмс (20) таа ноќ полни шест часа пиеле пиво, пушеле марихуана и го слушале овој албум. Потоа момчињата земале пиштол, заминале до најблискиот школски двор и пукале во себе.
Рејмонд на лице место бил мртов, додека Џејмс си ја разнел вилицата, устата и брада. Во тешки болки живеел уште три години, па потоа починал.

Foto: Telegraf

Пред да почине, Џејмс и неговите родители го тужеле бендот и продукциската куќа CBS Records за 6.2 милиони долари отштета. Тие тврделе дека во текстовите од песните се криеле сублимни пораки како „пробај самоубиство“, „направи го тоа“ и „ајде да бидеме мртви“.

Судењето привлече огромно светско внимание. Траеше се од јули 1990 година, а обвинителството за тоа време бараше во судницата да се изведуваат песните постојано, за да докажат дека текстот и музиката го „испрале“ мозокот на овие тинејџери.

„Што правам јас овде? Нити еден бенд не сака да ги убива своите фанови“, изјави тогаш пејачот и фронтмен на „Џудас прист“ Роб Халфорд.

Судијата на крајот пресудил дека „Џудас прист“ не се виновни за оваа трагедија. Сепак идејата дека песните може да имаат сублимни пораки кои фановите ги принудуваат да направат некои работи останала да посои. Таа не била отфрлена, туку како што било кажано, за тоа време била прилично нова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот