Тимот на најголемите промашувања во Премиер лигата (ФОТО)

фото: твитер

Во една од најдобрите фудбалски лиги на светот играа едни од најголемите играчи во историјаѕа, но не поминаа најдобро. Доказ дека Премиер лигата е веројатно најтешката за играње лежи во фактот дека во неа не се снајдоа ниту великани како Шевченко или Ди Марија.

Постојат и играчи кои покажаа добри перформанси за еден премиерлигашки клуб, но после трансферот во друг едноставно „ги нема“ на теренот. Некои од нив се Алексис Санчез или Фернандо Торес.

Откако стана јасно дека Санчез ќе остане во Интер и дека Манчестер јунајтед конечно ќе се ослободи од Чилеанецот, Англичаните направија тим составен од играчи за кои клубовите потрошија огромни пари, но не покажаа ништо.

Во тимот на најголеми промашувања е Торес за кој Челси во јануари 2011 година Ливерпул исплати огромни пари, но истите не беа оправдани, а тука беше и Алберто Аквилани кој две години претходно дојде во Ливерпул за 20 милиони евра, но тоа беше и почеток на крајот на неговата кариера.

Еве го комплетниот состав кој го објави британскиот „Сан“:

фото: thesun.co.uk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот