Фото: mkd.basketball

Тиквеш Голден Игл обезбеди место во плејофот на Супер лигата со триумф над ТФТ

Максимално возбудливо и неизвесно беше до самиот крај на регуларниот дел од македонската кошаркарска „МТЕЛ“ Супер лигата. Последното 22 коло ја „подели“ првенствената табела на два дела.

Во првата „шесторка“ која ќе бара место во плејофот, се пласираа екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш Голден Игл. Кавадарчани имаат ист скор (11-11) како и екипата на Чаир 2030, но и подобар меѓусебен однос во однос на чаирчани, поради кој се во горниот дел од првенствениот поредок.

Во Плеј-аут сегментот, се екипите од седмото до 12 место, односно Чаир 2030, МКК Куманово, Работнички, Феникс 2010, Гостивар и Ангели.

Кога требаше, кошаркарите на Тиквеш Голден Игл одиграа најдобро, во финишот на сезоната, направија серија на победи, ја заокружија со успех против водечката екипа во „МТЕЛ“ Супер лигата, ТФТ, со резултат 102:74.

Кај победниците доминираше Минси со 21 поен, а на спротивната страна 16 беа дело на Ташовски.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО

Гостивар – Феникс 2010 76:74

Маџари – Ангели 106:81

Работнички – МКК Куманово 76:72

Тиквеш Голден Игл – ТФТ 102:74

Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром 76:68

Кожув – Пелистер 89:82

ТАБЕЛА

1.ТФТ 22 19 3 1817:1571 41

2.МЗТ Скопје А. 22 19 3 1735:1534 40

3.Пелистер 22 14 8 2002:1807 36

4.Маџари 22 12 10 1752:1731 34

5.Кожув 22 12 10 1834:1793 34

6.Тиквеш ГИ 22 11 11 1735:1728 33

————————————————–

7.Чаир 2030 22 11 11 1779:1858 33

8.МКК Куманово 22 10 12 1788:1755 32

9.Работнички 22 9 13 1829:1792 31

10.Феникс 2010 22 8 14 1721:1778 30

11.Гостивар 22 6 16 1634:1761 28

12.Ангели 22 1 21 1436:1931 23

*Екипата на Маџари има подобар скор во меѓусебните дуели со Кожув

**Екипата на Тиквеш Голден Игл има подобар скор во меѓусебните дуели со Чаир 2030

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот