Тие се херои на ЕП: Докторите и Симон Кјаер добија посебна награда од УЕФА бидејќи му го спасија животот на Ериксен

Благодарение на навремената реакција на лекарите му беше спасен животот на Ериксен/ EPA-EFE/Friedemann Vogel

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги награди лицата кои помогнаа во спасувањето на животот на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој на првиот натпревар на Евро 2020 против Финска на 12 јуни на теренот доживеа срцев удар.

– Искажувам бескрајно воодушевување за извонредната реакција и смиреност која ја покажа лекарите и целата екипа. Тие вештини беа одлучувачки за Кристијан да преживее. Тие се вистинските херои на Евро 2020 – изјави Чеферин.

Меѓу деветте лица кои се наградени лично од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е и капитенот на данската репрезентација, Симон Кјаер кој го сврте Ериксен на страна и го започна процесот на реанимација, а потоа ги организираше соиграчите да направат круг повредениот соиграч додека му беше укажувана лекарска помош.

Награда добија и Могенс Кројцфелд (главен лекар), Фредерик Фленстед (дежурен лекар на стадионот), Андерс Босен (лекар на теренот), Петер Ерсгард (болничар), потоа дежурните лекари од УЕФА на стадионот во Копенхаген Јенс Клајнефелд и Валентин Великов како и лекарскиот тим на данската репрезентација Мортен Скјолдагер и Мортен Босен.

Откако колабираше на теренот, на Ериксен 20-тина минути му беше укажувана лекарска помош и тоа со масажа на срцето и со електрошокови. Потоа фудбалерот беше префрлен во болница каде остана до 18 јуни, а притоа со оперативен зафат му беше вграден дефибрилатор кој ќе ја регулира работата на срцето.

– Секој си ја знае својата улога и знаеше што треба да направи. Ги оставивме нашите чувства во соблекувалната. По срцевиот удар реагираввме како што би реагирал секој доктор – изјави Могенс Кројцфелд, главниот лекар на УЕФА во Копенхаген.

Специјалната награда која ја доделува претседателот на УЕФА се доделува од 1998 година и тоа за „исклучителни достигнувања, неверојатна професионалност и неверојатни лични квалитети“. Минатата година добитник на оваа награда беше поранешниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот