Тежок удар и за Шпанците, против Италија без еден од најдобрите играчи

Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Пабло Сарабија, играчот за врска во шпанската репрезентација кој покажуваше досега одлични игри на Европското првенство, поради повреда на мускулот скоро сигурно нема да може да игра за Шпанија против Италија во полуфиналето.

Сарабија постигна два гола и запиша две асистенции. Тој постигна еден гол во победата од 5:0 против Словачка во групната фаза, а другиот против Хрватска во осминафиналето за израмнување на 1:1.

На четвртфиналниот натпревар против Швајцарија тој одигра само полувреме, по што ја напушти играта.

Од редовите на Шпанија изјавија дека ќе биде тешко нивниот фудбалер да се опорави за мечот со Италијанците, а дополнителната загриженост создава повредата на Емерик Лапорт чиј настап е под знак прашалник.

И Италија претрпе тежок удар затоа што Леонардо Спинацола претрпе сериозна повреда на мечот со Белгија и му се заканува прилично долга пауза. Тој беше еден од најдобрите играчи на Италија досега во шампионатот.

ВИДЕО: Италијанците во еден глас пеат во чест на Спинацола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот