Тежок пат за Македонија да обезбеди пласман на СП 2022 во Катар

Голем интерес за влезниците за СП во Катар/фото: EPA-EFE/STR

Македонската фудбалска репрезентација веднаш по завршувањето на Европското првенство идната година ќе ги стартува настапите во новото издание на Лигата на нациите и квалификациите за СП 2022 година во Катар. УЕФА денеска на состанокот на Извршниот комитет го објави системот на натпреварување во мундијалските квалификации и како ќе се распределуваат визите за настап на СП.

Светското првенство во Катар ќе се игра во ноември и декември 2022 година, а квалификациите ќе стартуваат во март идната година. Пласман на Мундијалот ќе обезбедат 13 репрезентации од Европа, а исто како и ЕП 2020, неколку патници на СП во Катар ќе обезбедат пласман и преку баражите во Лигата на нациите. .

УЕФА одлучи 10 репрезентации да обезбедат пласман преку квалификациите и тоа само првопласираните селекции во квалификациските групи, додека преостанатите три визи за Мундијалот ќе бидат доделени по баражите во кои ќе учествуваат 12 селекции.

Во баражите ќе учествуваат сите второпласирани репрезентации во квалификациите, како и двете најдобри селекции според учинокот во Лигата на нации, и тоа само селекции кои на ранг-листата по учинок би биле најдобри, а не се меѓу 20-те што обезбедиле пласман дали директен за СП (првопласирани), дали за баражите (второпласирани).

Репрезентациите ќе бидат поделени во три групи со по четири репрезентации, а само победникот во групата ќе обезбеди пласман на СП во Катар. Во групите нема да се играат натпревари секој со секого, туку полуфинале и финале.

Со новиот систем на квалификации, шансата за Македонија да обезбеди пласман на Светското првенство е неверојатно тешко.

Како ќе се формираат групите за квалификациите допрва ќе треба да одобри ФИФА, а досега барабаните се формираа врз база на актуелната ранг-листа на светската организација во последниот месец пред жрепката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот