Тетовскиот регион со 10 новозаболени од Ковид-19

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Од вкупно 10 нови случаи на заболени од коронавирус, шест се жители во рамки на општина Тетово, двајца се жители во населените места при општина Брвеница и по еден има во општините Теарце и Јегуновце.

Во шесте тетовски општини Центарот за јавно здравје во Тетово денеска регистрира 10 нови случаи со Ковид-19.

-Од вкупно 10 нови случаи на заболени од коронавирус, шест се жители во рамки на општина Тетово, двајца се жители во населените места при општина Брвеница и по еден има во општините Теарце и Јегуновце, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово

За поединците кои не ги почитуваат протоколите за превенција од ширење на коронавирусот полицијата изрече 24 нови казни.

– Изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба и овие 24 лица треба да платат 20 евра поради неносење на заштитни маски за лице, соопштија од СВР Тетово.

Полицијата не констатирала прекршоци кај 247 луѓе во тетовско кои се контролирани дали се придржуваат до решенијата за изолација дома издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот