Тетово за Нова година нема да биде украсено, ама Општината на тетовци ќе им пушти улично осветлување

Фото: Слободен печат

Градот нема да биде украсен за новогодишните празници, но во текот на целата новогодишна ноќ општината одлучи да пушти улично осветлување, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

„Имавме одлука за да има штедење на струја да се гаси јавното осветлување, но во текот на празниците да не бидеме во темнина одлучивме да имаме јавно осветлување во текот на цела новогодишна ноќ. Има некои предлози да се уреди плоштадот, но кога ќе има конечен предлог и тоа ќе го презентирам. Значи нема да биде украсен градот, но граѓаните ќе имаат можност да уживаат во новогодишните ноќи, рече градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Инаку, Општина Тетово уште минатиот месец одлучи после полноќ да се гаси јавното осветлување.

Оттаму велат дека гасењето на јавното осветлување е една од мерките за штедење, но наскоро како што истакнаа ќе се воведе систем, рестрикциите да бидат плански, се со цел да нема целосен мрак по улиците.

Но досега, од најавите за планско исклучување на јавното осветлување нема.

Пред речиси два месеци Општина Тетово на Седница на совет формираше трговско друштво „Електро Тетово“ за менаџирање на уличното осветлување, кое како што беше посочено би се занимавало со набавка и производство на струја за потребите на јавното осветлување.

Но за неколку дена, владата донесе друга одлука со која им се забрани на општините да формираат претпријатија за јавно осветлуавње. Владината одлука, Општина Тетово ја окарактеризара како незаконска и побара истата да се укине.

Во меѓувреме градоначалникот на Тетово Биљал Касами изјави дека нема да се откаже од намерата претпријатието „Електро Тетово“ да почне да работи. Побарале да се запише и во Централен регистар, ако и таму бидат одбиени, Касами пред околу еден месец изјави дека правдата ќе ја бара преку други институции на системот.

Гостивар ќе се кити  со старите украси

И Општина Гостивар за да заштедат, оваа година одлучи да не го украсува градот.

„Оваа година одлучивме да не трошиме пари, имаме украси од минатите години нешто ќе употребиме од тоа, колку да има нешто за да се радуваат децата. Инаку не сме отвориле тендер за украсување, оти сметаме дека е година која што помина со голема криза, не е огромна сума на пари, но колку што можеме да заштедиме. Ќе има некои прослави за новогодишните празници. Исто, на денот на општината 23 декември,  имаме настан во кој ќе се избира граѓанин на годината најдобри и најуспешни гостиварци, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Општина Тетово формира претпријатие за уличното осветлување за кое градот веќе должи 37 милиони денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот