Доналд Трамп и Илон Маск во Тесла/Фото: EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

„Тесла“ со голем пад на профитот поради политиките на Трамп

Компанијата „Тесла“ забележа пад од 23 проценти во заработката во вториот квартал од 2025 година и предупреди на понатамошни загуби поради економските последици од трговската војна што ја води Доналд Трамп и новиот закон за фискална политика насочен против електричните возила, пишува Фајненшл тајмс.

Таканаречениот „голем убав закон“, предвидува укинување на државните субвенции за електрични возила – клучна точка што досега ѝ носеше на „Тесла“ предност пред конкурентите. Аналитичарите предупредуваат дека без тие субвенции, компанијата ќе се соочи со значајна загуба на пазарниот удел и конкурентноста.

Извршниот директор Илон Маск призна дека компанијата е во „транзициски период“ и најави неколку тешки квартали. Тој додаде дека политичките турбуленции во САД негативно влијаат врз перспективите на целата индустрија за електрични возила. Акциите на Тесла веќе паднаа за повеќе од 4 проценти веднаш по објавата, и се на 30 проценти под нивото од декември.

Односот меѓу Маск и Трамп дополнително се влоши по усвојувањето на новиот закон, а Маск најави формирање сопствена политичка партија и се повлече од Белата куќа, каде претходно имаше неформална улога во Советот за владина ефикасност.

Според објавените податоци, нето добивката на компанијата за вториот квартал изнесува 1,4 милијарди долари, што е значајно помалку од 1,8 милијарди во истиот период минатата година. Аналитичарите ја оценуваат состојбата како сериозен удар за иднината на Тесла на американскиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот