илустрација / несреќа на патот Градско - Припел / Фото: Мартин Богатиноски / Слободен печат

Тешка несреќа кај Македонски Брод – загина жена, а меѓу повредените е и дете

41-годишна жена загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат кај селото Русјаци, во општината Македонски Брод.

Според информациите од полицијата, во несреќата повредени се и три лица, меѓу кои и шестгодишно дете.

„Според информациите, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски таблички, управувано од нејзиниот сопруг, излетало од коловозот и се превртело. Жената, идентификувана како К.С.С., починала на самото место како последица на тешките повреди, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција“ соопшти МВР.

Во несреќата телесни повреди здобиле уште три лица – С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете. Тие биле итно пренесени во Општата болница во Прилеп, каде им била укажана соодветна медицинска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот