Тешка кражба на струја во Бутел, штетата е околу 260.000 евра — некој приклучил млин во трафостаница за да копа биткоини
Откриен е случај на тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, а сторителот направил штета од околу 260.000 евра, информира ЕВН.
Препорачано
По сомневања за нелегално користење струја, тимот задолжен за откривање неовластена потрошувачка побарал асистенција од МВР, со цел да се изврши претрес и да се вклучи судски вештак. Контролата се однесувала на деловен објект на улицата „Бутелска“ во Скопје.
При проверката било утврдено дека електричната енергија се користела противправно, преку нелегално приклучување на три нисконапонски кабли директно во трафостаница, која е сопственост на ЕВН.
Од ЕВН појаснуваат дека поранешен млин бил пренаменет за напојување опрема со графички картички за копање криптовалути (биткоини).
За случајот е составен записник за неовластено користење, изготвени се наод и стручно мислење од овластен вештак, а до МВР е поднесена кривична пријава за неовластено преземање електрична енергија, согласно член 235-а од Кривичниот законик.


