Тешка група за сениорките во евроквалификациите (ФОТО)

фото: КФСМ

Во квалификациите нашите најдобри кошаркарки немаат да имаат лесна задача на патот да се обезбеди настап на континенталниот собир.

На денешниот ждреб во Минхен беа извлечени евроквалификациските групи, а сениорките ќе бидат дел од групата И.

Првиот прозорец е предвиден за претстониот ноември (2019 година), вториот ќе се одигра идниот ноември (2020 година), а последниот ќе се одигра на почетокот на месец февруари во 2021 година.

https://twitter.com/EuroBasketWomen/status/1153255597959237632

Селекциите се поделени во девет групи од кои шест составени од четири репрезентации, а три групи се составени од три. Секоја репрезентација ќе одигра по два натпревари против останатите во групата, на домашен и гостински терен.

Првопласираните од секоја група како и петте најдобри второпласирани ќе се квалификуваат на ЕП 2021 година.

Распоред на натпревари

14.11.2019
Германија – Македонија
17.11.2019
Македонија – Летонија

12.11.2020
Хрватска – Македонија
15.11.2020
Македонија – Германија

4.02.2021
Летонија – Македонија
7.02.2021
Македонија – Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот