Тереза Меј го повика Путин да ги прекине мерките за дестабилизација

Тереза Меј денеска го пивкка рускиот лидер Владимир Путин да стави крај на „мерките на дестабилизација“, кои претставуваат закана за Велика Британија и нејзините сојузници.

„Премиерката кажа дека употребата на смртоносното нервно срество на улиците на Салзбери е дел од пошироката низа неприфатливо однесување и дека е чин кој заслужува вистински презир бидејќи ја предизвикал смртта на британската државјанка Дон Стурџис“, се наведува во соопштението.

„Таа истакна дека остануваме отворени за поинаков вид односи, но за тоа да биде возможно, руската власт мора да одбере поинаков пат“, пренесува Ројтерс.

Путин ги отфрли обвинувањата на Британија за вмешаноста на Русија во нападот со нервен гас, сугерирајќи дека двете страни треба да го заборават инцидентот.

„Сметам дека Русија и Обединетото кралство се заинтересирани за целосно обновување на односите, се надевам дека ќе бидат направени барем првичните чекори“, кажа Путин за Фајненшал тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот