Теории за „Сексот и градот“: Дали „Ѕверката“ ќе умре во новата сезона?

Profimedia
Profimedia

Обожавателите на култната серија веруваат дека Ѕверката ќе умре во новата седма сезона, а ѕвездата на серијата Сара Џесика Паркер реагираше за оваа теорија.

Нагаѓањата за смртта на ликот, кој го глуми Крис Нот, почнаа пред неколку години, откако Џејмс Ендру Милер, водителот на поткастот „Ориџинс“ , изјави дека Ѕверка треба да умре ако се снима трето продолжение на филмот „Сексот и градот“.

Откако Сара Џесика Паркер пред неколку дена го објави кусиот трејлер за седмата сезона, обожавателите почнаа да се распрашуваат за судбината на Ѕверка во новите епизоди.

Profimedia

Ова е лудо. Ќе се вратат моите омилени девојки. Но, чекајте, што е со Ѕверка?“ – напиша еден следбеник, а Паркер итро му одговори: „Почекај и види“.

Што се однесува за тврдењето дека Ѕверка требало да биде убиен во третото продолжение на филмот, Нот ја негираше таа приказна, велејќи дека тоа е лага и дека неговиот лик не требало да умре.

Но, корисниците на Твитер и понатаму делат разни теории за серијата, која почнува да се снима напролет.

„Толку шпекулации! Дали Ѕверка е мртов? А Саманта?“, „Ако е Ѕверка мртов или тој и Кери се разведени, само ќе се правам дека серијата никогаш не постоела“ – пишуваат обожавателите.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот