Тенисот на Федерер е најубав за гледање, но Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

твитер

Американскиот тенисер Тенис Сандгрен ги спореди двајца од тројцата најдобри тенисери на денешницата.

Сандгрен во четвртфиналето на Австралија Опен загуби од Рожер Федерер во пет сета притоа пропуштајќи пет меч топки.

– Без сомнение тенисот на Федерер е најубав за гледање, но Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња – изјави Сандгрен.

Американецот смета дека може да биде конкурентен со најдобрите тенисери, но исто така појасни колку е тешко да се победи Новак.

– Ние правиме една работа, а тој друга. Кога ќе се обидете да постигнете „винер“, тој ви ја враќа топката на место од кое не е возможно да го изненадите. Постојано ве става во тешка позиција и тоа почнува да ве иритира. Полека ве „гуши“, а тоа што Новак го прави е неверојатно – додаде Тенис Сандгрен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот