Тен Хаг на управата на Јунајтед и предаде листа со пет имиња кои по секоја цена ги сака на „Олд трафорд“

Ерик Тен Хаг од следната сезона ќе го предводи Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, им порачал на челниците на клубот дека сака во летниот преоден рок да ангажира пет фудбалери со кои екипата би се вклучила во битката за трофеите, тоа се Френки де Јонг, Калвин Филипс, Деклан Рајс, Нголо Канте и Дарвин Нуњез, пренесуваат британските медиуми.

Британските медиуми пишуваат дека Јунајтед нема намера да се откаже од трансфер на Де Јонг кој веќе има работено со Тен Хаг во Ајакс. Де онг засега не сака да ја напушти Барселона која за него бара 70 милиони евра.

Тен Хаг по секоја цена го сака летово на „Олд трафорд“ да пристигнат Калвин Филипс од Лидс и играчот на Вест Хем, Деклан Рајс. Трансферот на Филип е реален, но проблем претставува Вест Хем кој за својот најдобар фудбалер бара 120 милиони фунти, сума која Манчестер јунајтед не е подготвен да ја плати.

На листата на желби на менаџерот на Јунајтед се наоѓа и Нголо Канте, но шансите Французинот да го напушти Челси се минимални.

Последно име на листата на желби е тоа на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез кој се наоѓа на радарот на европскиот шампион Реал Мадрид кој воедно е фаворит за потпис со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот