Телото на убиената Фатмата после три месеци преземено за достоен закоп во Сиера Леоне

Фото: Second Tree Instagram

Телото на 23-годишната Фатмата Камара од Сиера Леоне, која беше застрелана кај касарната во Гевгелија од полициски пиштол, после три месеци денеска е предадено на нејзиниот сопруг Абу Бакар, за да биде пренесено во Сиера Леоне за достоен закоп.

Транспортот од капелата во АД Бутел е извршен преку српската граница со сите потребни документи и дозвола од македонските истражни органи. Со оглед на тоа што е отворена предистражна постапка за околностите кои доведоа до смртта на Фатмата и со оглед на тоа што во настаните кои претходеле на смртта вклучен е полициски службеник, имаше обдукција.

Резултатите од обдукцијата се готови, а со помош на организацијата „Секонд Три“ која им помага на мигрантите, сопругот на девојката Абу Бакар, денеска го зеде телото од Бутел АД и тоа ќе биде пренесено со помош на белградски погребен сервис до Сиера Леоне.

Абу Бакар, сопругот на убиената мигрантка кај Гевгелија, Фатмата / Фото: Слободен печат - Методи Здравев
Абу Бакар, сопругот на убиената мигрантка кај Гевгелија, Фатмата / Фото: Слободен печат – Методи Здравев

Фатмата беше убиена на 19 април откако службено лице испука куршум од службениот пиштол. Полициската верзија на настаните е дека откако мигрантите биле забележани во две возила, полицијата се обидела да ги запре, а притоа еден од шверцерите, 26 годишниот К.Ј. физички го нападнал полицаецот обидувајќи се да му го одземе пиштолот, по што полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и ја погодил жената. Но оваа верзија не е потврдена со оглед на тоа што некои од мигрантите тврдат дека немало никаква пресметка со полицаецот.

Но на оваа верзија ѝ противречат и Абу Бакар и семејството на Фатмата кои тврдат дека немало никаков физички напад врз полицаецот. Наскоро ќе се знае дали јавниот обвинител ќе покрене обвинение за полицаецот. Нему му е одземен пасошот како мерка за претпазливост.

Откако живееле во грчки бегалски камп и им беше одбиен азил, Фатмата и Абу Бакар заминале од Грција во Македонија каде Фатмата беше убиена. Сопругот на Фатмата, Абу Бакар тврди дека врескал, повикувал помош и барал да биде однесен во болница со сопругата која веќе умирала.

Но, бил приведен и според неговите зборови, полицијата му понудила да го одведат и да го пуштат на српската граница за сам да го продолжи патувањето. Тој одби и сега бара азил во Македонија за да ја бара правдата за својата сопруга во македонските судови.

ВИДЕО | Тензично во „Бутел“: Ве молам дајте ми го телото на жена ми за достоен погреб, моли сопругот на убиената Фатмата

 

Потресно сведочење на сопругот на убиената мигрантка во Гевгелија: Фатмата беше бремена, мене ме уапсија, не знам ни каде ѝ е телото

ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ до македонската јавност од сестрата на убиената Фатмата кај Гевгелија: Борете се со нас, полицијата лаже за нападот меѓу возачот и полицаецот

Убиството на мигрантката Фатмата кај Гевгелија стигна до пратениците од Европскиот Парламент и до Жозеп Борел

На полицаецот што ја застрела Фатмата му е одземен пасошот, издадена е и мерка на претпазливост

Ќе има ли обвинение за смртта на Фатмата?

ВИДЕО | Тензично во „Бутел“: Ве молам дајте ми го телото на жена ми за достоен погреб, моли сопругот на убиената Фатмата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот