Тему апликација/Фото: Rafael Henrique / Zuma Press / Profimedia

Тексас ќе им забрани на државните службеници да користат производи од Алибаба, Тему и Шејн

Тексас ќе им забрани на своите вработени да користат хардвер и софтвер од Шејн, Алибаба и ТП-Линк, изјави вчера гувернерот, велејќи дека неговата држава донела одлука за да ја заштити „приватноста на Тексашаните“ од кинеската влада.

Листата, исто така ги вклучува платформата за онлајн трговија Тему и производителот на батерии CATL, според изјавата на гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Ова е најновиот пример за тоа како функционер на државната влада забранува технологија од компании во кинеска сопственост во име на безбедноста. Забраната на Абот им ограничува на вработените да го користат „физичкиот хардвер, вештачката интелигенција и софтверот“ на компаниите на државни уреди и мрежи.

Администрацијата на Трамп, која ја поддржува Абот, се обиде да ги ограничи сопствените постапки што би можеле да го предизвикаат Пекинг. Двете земји постигнаа подобрување во долготрајната трговска и технолошка војна во октомври.

Забраната на Абот се однесува на кинескиот производител на дронови „Аутел“ и производите од кинеската фирма за вештачка интелигенција „иФлајТек“.

Компаниите не одговорија веднаш на барањето за коментар од „Ројтерс“.

Тему и Шејн ја преплавија Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот