ФОТО+ВИДЕО | Инспирирана од грабежот во Лувр: Тејана Тејлор издоминира во проѕирна креација и впечатлив накит на Модната недела во Париз
Американската пејачка и актерка Тејана Тејлор привлече огромно внимание за време на Модната недела во Париз, појавувајќи се со впечатлив накит на модната куќа „Скијапарели“, инспириран од познатиот грабеж во Лувр.
Препорачано
„Скијапарели“ ја претстави својата колекција пролет/лето 2026 со спектакуларно ревијално шоу исполнето со драматични силуети, животински принтови, пердуви, обемни здолништа и фустани што наликуваа на стопен оклоп или втора кожа.
Но, подеднакво силен впечаток остави и изгледот надвор од пистата, каде што Тејлор се појави обвиена во скапоцен накит што веднаш стана тема на разговор.

На главата таа носеше масивна круна од бисери и дијаманти – современа интерпретација на тијарата на царицата Евгенија, која беше украдена од Лувр во октомври минатата година. Околу вратот, пак, блескаше голема дијамантска панделка со богати реси, инспирирана од предниот дел на корсетот на истата царица, во визија на креативниот директор Даниел Розбери.
Иако накитот беше во центарот на вниманието, ни модната комбинација не остана во сенка. Тејана носеше проѕирен црн миди-фустан од романтична цветна чипка, без градник, надополнет со мрежести ракавици и остар црн капут до под, небрежно префрлен преку рамениците. Капутот беше украсен со златни копчиња – препознатлив детаљ на оваа римска модна куќа.
Целокупниот изглед го заокружија висечки кристални обетки и црни сатенски платформи со екстремно високи потпетици.


