Технолошките компании во светот годинава укинаа 34.000 работни места

Фото: Unsplash

Технолошките компании укинаа 34.000 работни места оваа година бидејќи ја реорганизираа својата работна сила за да инвестираат во нови области како што е генеративната вештачка интелигенција. Mајкросорт, Снап, Ебај, Пејпал откажаа стотици или дури илјадници позиции од почетокот на јануари.

Во трендот на отпуштања годинава се приклучија 138 технолошки компании. Загубите, сепак, се помали отколку на почетокот на 2023 година, кога големите технолошки групи вклучувајќи ги Мета, Амазон и Мајкрософт намалија голем број позиции по преголемото вработување за време на пандемијата.

Во технолошкиот сектор, минатата година беа укинати 263.000 работни места, според податоците цитирани од Фајненшл Тајмс, пренесува Кликс.ба.

„Технолошките компании ја оценија својата работна сила и заклучија дека доколку имаат помали организации со кои би се справиле, би можеле да направат повеќе“, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот