Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Техеран не сака само прекин на огнот, туку дефинитивен крај на војната, вели шефот на иранската дипломатија

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска изјави дека за Техеран секој крај на американско-израелската војна со Иран мора да биде дефинитивен, јави „Тајмс оф Израел“.

„Иран не побара прекин на огнот и сака да обезбеди каков било крај на војната со Израел и САД кој ќе биде дефинитивен“, рече Арагчи, пренесе иранската агенција Ес-ен-ен (SNN).

Коментирајќи ги американските напади, тој рече дека „интересно е што САД признаваат дека напаѓаат за забава и дека не го изненадува тоа што меѓународната заедница не презема мерки“, пренесува агенцијата „Тасним“.

„Цивилните објекти, вклучувајќи ги болниците и училиштата, редовно беа напаѓани, а според извештајот на министерот за здравство, беа нападнати 53 болници. Тие нападнаа и стадиони, вклучувајќи го и стадионот со 12.000 седишта, а имаме и маченици од спортската заедница“, рече Арагџи.

Според него, „тоа покажува дека непријателот не се придржува до никакви принципи, дека не се двоуми да нападне станбени области и бесрамно признава дека го прави тоа за забава“.

„Нашата нација е угнетена, но е херојска нација, и се спротивставува на сите овие притисоци со достоинство“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот